Фирмата „Ексико“ која е под истрага на СЈО во случајот „Империја“ е еден од доверителите во стечајот на фирмата „Сис инвест груп“ на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Мистериозната фирма чиј имот и банкарски сметки се замрзнати бара наплата на долг од 1,7 милиони евра. Во изминатите години „Ексико“ стана сопственик или косопственик на повеќе фирми во Македонија, кои добиваа тендери од државни институции и субвенции. Вистинскиот сопственик и натаму останува…
По предлог на претседателот на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Лазо Петрушевски, Советот денеска донесе решение за отпочнување на постапка за одземање на дозволата на телевизијата 1ТВ која ќе трае во наредните 15 дена. Директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски, пред Советот денеска образложуваше зошто треба да и биде одземена дозволата на телевизијата, а како главни проблеми ги посочи нецелосните информации дали телевизијата ги исполнува минималните кадровски…
Неуспехот на самитот во Брисел државата да добие датум за старт на преговорите со Европската унија неодамна резултираше со договор помеѓу партиските лидери за нови петти во низа предвремени парламентарни избори. Заев на прес-конференција во саботата не го криеше своето разочарување од европските лидери кои не се согласија Македонија да ги започне пристапните преговори, по што најави избори пред кои на 3.јануари 2020 година ќе поднесе оставка од премиерската позиција.…
„Аман од избори“! Ова е првиот коментар на обичниот граѓанин изминативе неколку години, што пак е реален крик на фактот дека веќе 12 години, на речиси секои три, се гласа предвреме. Од 1990 до 2006 година, челниците ги започнувале и ги завршувале своите мандати како што е предвидено според Уставот, односно четири години. Но од 2008 година започнува нова практика кај политичарите, речиси секогаш по настаната политичка криза, а најчесто…

















