Малкумина се убедени дека правдата пристигна, рече претседателот Стево Пендаровски во неговото Годишно обраќање од македонското Собрание. Говорејќи за правосудството во земјава Пендаровски посочи на голем број незавршени судски процеси, а ја спомена и аферата Рекет, во која, како што кажа, се најде и првиот човек на телото формирано да гони криминал. „Безмалку три децении сме независна држава, а ниту еден висок политичар или преку ноќ збогатен бизнисмен нема завршено…
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски денеска на прес-конференцијата која се одржа по презентирање на новиот проектот на „Гласен Текстилец“, изјави дека е многу тешко да се вратат изубените работнички права. „Многу е тешко да преговараш со газди кои мислат дека се над вработените и дека ние работниците сме робови за нив. Затоа апелирам до цел невладин сектор да ни се приклучат и да ги вратиме правата…
Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, денеска отвори нова спортска сала и наместо да сече лента, направи „стој на глава“. „Порака до сите млади, за сите оние коишто сакаат да ви го превртат светот има еден лек, гледајте ги работите од друга перспектива, останете свои и не дозволувајте да ви го сторат тоа“ – изјави Петровска. Со овој свој гест градоначалничката испрати порака до младите.
Министерот за економија Крешник Бектеши во денешното интервју за „Радио Слободна Европа“ рече дека ДУИ не планира да го менува лидерот на партијата Али Ахмети. „Али Ахмети има уште многу да ѝ даде на политиката во Северна Македонија, имајќи предвид дека ние веќе ги решивме сите крупни прашања. Во ДУИ екипата што победува не се менува, а посебно не тренерот или лидерот“, рече Бектеши. Бектеши најави дека на Конгресот на…

















