Невладината организација „Здрава котлина“ од денешниот протест во Струмица ги повика градоначалниците и општинските инспектори од Струмица, Босилово, Ново Село и Василево со документи да покажат каде, кога и колку инспекциски надзори извршиле. Од организацијата се сомневаат дека дел од инсталациите кои го предизвикуваат аерозагадувањето се невидливи за општините. „Сите сме свесни дека има непријавени инсталации кои значајно го загадуваат воздухот, а од некои причини се невидливи за институциите“, обвини…
Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Франс Прес“ изјави дека Албанија мора да се фокусира на сопствената иднина, додека Брисел ги разреши прашањата за проширување на Европската Унија. „Албанија нема да остане пред вратата на ЕУ и да плаче,” изјави Рама. Во интервјуто Рама потенцира дека Албанија не е на овој пат поради тоа што Германија или Франција тоа го бараат од нив, туку поради тоа што е единствениот пат за…
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, во придружба со градоначалникот на општина Центар и директорот на АД МЕПСО, денеска ја посети детската градинка „Кочо Рацин” на Водно. Причината беше промоција на нов, еколошки систем на греење и ладење, преку користење на триесет и три инвертер клима уреди кои се донација на МЕПСО. Макрадули рече дека од овој момент не постои јавен објект-градинка што веќе загадува во…
Индексот на Траспаренси Интернешнал кој рангира 180 држави од целиот свет според нивото на перцепција на корупција во јавниот сектор, ја постави Македонија на ниското 106то место, 13 места подолу од минатата година. Од вкупно 100 можни поени, каде 0 поени значи највисок степен на корупција, а 100 најнизок, Македонија освои само 35 поени. Заедно со Албанија која исто така има само 35 поени, овие две држави се меѓу последните…

















