Наташа Димитриевска во сообраќајна несреќа ги загуби својот сопруг и нероденото дете, а виновникот излезе речиси неказнет. Навидум, овој случај не е ништо посебен во однос на стотици други вакви кои биле дел од дневниот билтен на полицијата во минатата деценија. Но, отпорот на Наташа и нејзината јавна борба со обвинителите и судиите поттикнува и други граѓани да се побунат против судската власт. Зачетокот на овој мал граѓански бунт доаѓа…
Неколку часа откако багерите на јавното претпријатие „Македонија пат“ почнаа да ја уриваат дивоградбата пред трговскиот центар „Мавровка“, Основното јавно обвинителство отвори истражна постапка против сопственикот Мевлудин Алити и побара судија на претходна постапка од Кривичниот суд да му определи мерки за претпазливост поради опасност од бегство. Обвинителството бара да му се одреди мерки за претпазливост. „Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради…
На првата седница на Владата донесена е одлука да се урне дивоградбата пред трговскиот центар Мавровка. Објектот ќе го урива Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта. „Владата донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребната механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на…
Охридскиот советник, бизнисмен и бегалец од правдата Нефи Усеини го проширува бизнисот. Тој е во бегство, но тоа не го спречи да си отвори нова фирма во Битола за производство на градежни материјали. Фирмата Бетон 2020 Н&О ДОО Битола е партнерска заедно со битолчанецот Оливер Тиловски, а Нефи Усеини е нејзин управител. Денес е шестиот ден како полицијата не може да го лоцира Усеини за кого е определена мерка притвор…

















