Пред да стане советник на премирот Зоран Заев пред три години, Филип Андов нарекуван Сокол менаџираше локални барови и имаше еден неуспешен обид за угостител. Но, тука не завршуваат неговите амбиции: Тој денеска стана и в.д. директор на Истражниот затвор Скопје во населбата Шуто Оризари. Владата на денешната седница именуваше 17 директори на државни институции. Од сите денешни кадровски решенија само Сања Лукаревска останува на истата позиција – директор на…
Советот на јавните обвинители ја одби претставката на Наташа Димитриевска која во сообраќајната незгода во близина на „Млечниот ресторан“ во Скопје го загуби својот сопруг и тримесечниот плод. По судската пресуда со која на виновникот Васил Чорбачиев му беше изречена само две годишна условна казна, Димитриевска поднесе претставка за работата на обвинителката Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска која е одбиена. Нејзината единствена надеж е одлуката која што ќе ја донесе Апелациониот суд…
Жителите на населбата Пржино во Скопје потпишаа петиција со која бараат ревизија на актуелниот Детален урбанистички план и мораториум на градбите. Со протестен марш низ населбата упатија апел до општината Кисела Вода и надлежните институции дека ДУП-от не е легитимен. „Петицијата е глас до општината Кисела Вода, но и до повисоките органи – Министерствата за животна средина и за транспорт и врски со која бараме мораториум на спорните градби. ДУП-от…
Ова ќе биде најважниот капитален проект за идната година, а ќе чини вкупно 600 милиони евра, вака денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ја најави работата на првите две делници за пругата кон Бугарија. Инаку, пругата кон Бугарија е најкористеното изборно ветување од 1993 година. На сите партии и сите влади. Тендерот не е распишан, но од владата велат “до март ќе бидне”. „За првите две фази сакаме…

















