Архитектонско-урбанистичкиот проект (АУП) со кој се предвидува изградбата на 87 луксузни куќи во рамките на „Радика вилиџ“ во село Леуново е донесен без водостопанска согласност од страна на Министерството за животна средина со што се става под знак прашалник законитоста на овој документ за плански опфат што го одобрила Општина Маврово и Ростуше. Ова е дел од заклучоците на Државниот инспекторат за животна средина кој на 27 декември направил инспекциски…
Истражувачката Репортерска Лабораторија Македонија – ИРЛ денеска стана членка во Глобалната мрежа за истражувачко новинарство (Global Investigative Journalism Network – GIJN). Членството на ИРЛ беше одобрено со едногласно гласање на Управниот одбор на GIJN на 15-ти декември. Освен ИРЛ, во престижната организација членство добија уште 15 новинарски организации од светот, кои беа избрани во конкуренција од 82 кандидати. Сега Глобалната мрежа за истражувачко новинарство брои вкупно 227 членки. Членството во…
Дивоградбите во „Радика вилиџ“ засега нема да се уриваат. Второстепената владина комисија за инспекциски надзор го поништи решението на општината Маврово и Ростуше за уривање на девет објекти во „Радика вилиџ“ и ја прифати жалбата на инвеститорот. Причината не е затоа што тие се легални објекти, туку бидејќи градежниот инспектор на општината Маврово и Ростуше изготвил „аматерско“ решение за уривање, надвор од сите прописи и правилници. До општината и до…
Новинарите и медиумите имаат задача да им помогнат на граѓаните да дојдат до квалитетни информации за да можат да одлучуваат во својот најдобар интерес. Енергетската криза е најголемиот предизвик со којшто во моментов државата се соочува, а сепак, известувањето за овој проблем е сведено на напорите на мал број медиуми, додека останатите или пренесуваат партиски соопштенија со неконструктивен пристап до проблемот или, пак, го игнорираат проблемот. ИРЛ во следната недела…

















