Press "Enter" to skip to content

Прашалник на ИРЛ: Како стигнавме до скапата струја која е на раб да создаде социјални немири

Новинарите и медиумите имаат задача да им помогнат на граѓаните да дојдат до квалитетни информации за да  можат да одлучуваат во својот најдобар интерес. Енергетската криза е најголемиот предизвик со којшто во моментов државата се соочува, а сепак, известувањето за овој проблем е сведено на напорите на мал број медиуми, додека останатите или пренесуваат партиски соопштенија со неконструктивен пристап до проблемот или, пак, го игнорираат проблемот.

ИРЛ во следната недела ќе започне серијал длабински стории и истражувања за тоа кој е виновен за енергетската криза. Преку истражување на јавно достапните списи се стремиме да направиме реконструкција на долгоодржуваниот клиенталистички и корупмиран систем поддржан од сите парламентарни партии низ минатите две децении и да Ви покажеме како највисоките државни интереси беа загрозени преку неодговорното и корупциско однесување на партиските елити.

Ќе Ви покажеме и кои поединци и компании профитираат од оваа катастрофа која што и се случува на земјата. Но, за почеток, потребна ни е Вашата помош. Сакаме да разбереме како граѓаните се чувствуваат во врска со тешката зима која што је очекува државата, а која што има потенцијал да донесе историси поскапувања на продуктите и услугите кои се основни за опстанокот на стотиции илјади семејства. Ве молиме одговорете на прашалникот на ИРЛ чија цел е да ги пренесе оправданите стравувања на граѓаните кои од јануари со сигурност ќе мора да го реорганизираат семејниот буџет.

Рестрикции, покачена цена на струјата, зголемени цени на основните прехрамбени производи. Неизвесноста од нов бран на ценовни шокови се ближи со доаѓањето на Нова Година. По 1-ви јануари, граѓаните неизбежно ќе се соочат со повисоки сметки за струја. Колкаво ќе биде зголемувањето, останува енигма. Енергетските компании калкулираат колкаво ќе биде покачувањето.

Вашата анонимност во анкетата е загарантирана, а доколку сакате да ни дадете подетални информации, можете да ни пишете и на нашата интернет страна во делот „Пријави во ИРЛ“.

Вашите одговори ќе ги користиме исклучиво за новинарски истражувања кои ќе ги работи редакцијата на Истражувачката репортерска лабораторија.

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »