Не запира борбата на семејството Милкови против изградбата на трговски центар во Сопиште. Но, нивната заложба подножјето на Водно да остане место за мир и спокој наместо бетонизација ги донесе првите притисоци како за ова семејство така и за нивната адвокатка, кои одлуката на Општината да даде дозвола да се гради во Сопиште ја обжалија пред Управниот суд и со тоа ја запреа постапката и почетокот на градежните активности на…
Документите на ИРЛ обезбедени од бугарскиот централен регистар и од бугарскиот депозитар на хартии од вредност го демантираат демантот на бизнисменот и поранешен вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев дека тој на никаков можен начин не е поврзан со бугарскиот инвеститор Соларпро од Софија. Соларпро е партнер во државната ТЕЦ Осломеј. Демант испрати и софиската Соларпро, а уредничкиот одговор ги адресира и нивните забелешки кои се речиси идентични со оние…
Приватната луксузна населба „Радика вилиџ“ навидум се градеше согласно законите. Дозволата за реализација ја одобри локалната власт од Маврово и Ростуше. Четири години подоцна, Општината по налог на Државниот инспекторат за урбанизам го укина Архитектонско-урбанистичкиот проект (АУП) со кој се предвидува изградба на 87 луксузни вили. Се бара и одземање на лиценците за работа на планерската фирма која го изработи овој документ и на фирмата која била ангажирана за надзор.…
Агенцијата за храна и ветеринарство и Царината се двете институции кои треба да ги контролираат увозот и продажбата на производите што се нудат како додатоци на исхрана. Истражувањето на ИРЛ за штетните суплементи што се продаваат под брендот „Слимлајн“ покажа институционална негрижа која отвора можност за злоупотреби. Фирмата „СЛЦ груп“ повеќе од една деценија увезува додатоци за исхрана, изречени се судски пресуди за нарушено здравје на повеќе граѓани, но чаевите…

















