Напомош на новинарите на ИРЛ им се придружува и Клубот на млади лекари. Од редовите на своите 1,200 членови тие ќе обезбедат медицинска експертиза во анализата на стотината пријави пристигнати во ИРЛ, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Здружението на млади правници, организации коишто претходно понудија да волонтираат со правна помош за граѓаните и да им помогнат на новинарите во носењето на товарот на огромниот број пријави за негрижа и…
Реакција на Истражувачка репортерска лабораторија, Хелсиншки комитет за човекови права и Македонско здружение на млади правници, по вчерашната прес-конференцијата на министерството за здравство за наодите од истражувањето „Нечиста крв“. Министерството за здравство и останатите државни органи кои учествуваа на вчерашната прес конференција уште еднаш демонстрираа како институциите со содржината и особено начинот на изразување сами ја зголемуваат општата недоверба на граѓаните во институциите. Ова доаѓа во моменти кога треба да…
Граѓанските организации им доѓаат на помош на граѓаните и на новинарите да се справат со огромниот број на пријави кои што новинарите немаат можности сами да ги процесуриаат. Заеднички настапуваме да им помогнеме на граѓаните – жртви на здравствениот систем во земјава. Документарниот филм „Нечиста крв“, во продукција на Истражувачката репортерска лабораторија, откри низа прекршувања на основни човекови и уставно загарантирани права, како и целосно затајување на системот, кој е…
По објавувањето на истражувачкиот документарен филм „Нечиста крв“, граѓаните кои имале ист или сличен проблем како семејството Брезеви, започнувајќи од утре ќе добијат бесплатна правна помош од Mакедонско здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет. ИРЛ, Македонско здружение на млади правници и Хелсиншки комитет за човекови права денеска се договорија за бесплатна правна помош за граѓани кои имале проблем со здравствениот систем во земјава. Оваa соработка за помош доаѓа откако…

















