Во Македонија 30 години системски се разградува енергетскиот сектор. Од земја во која во времето на социјализмот се градеа енергетски објекти, транзициските политичари ја претворија Македонија во држава во која енергетската независност и развојот на овој сектор е само на хартија и тоа во изборните програми на партиите. После секои избори, развојот на енергетскиот сектор се сведуваше на тоа политичари или блиски роднини и пријатели на политичари да увезуваат електрична…
Градежното дивеење во Маврово е дело на две различни влади и две навидум сосема различни администрации. ИРЛ по првпат открива како лобирањето и трговијата со влијание за приватни интереси ќе го остават Националниот парк „Маврово“ со неизвесна судбина. Идејата да се изградат мали хидроцентрали на територијата на Националниот парк „Маврово“ ќе го блокира процесот за репрогласување на Паркот во заштитено подрачје. Во две од трите спорни мали хидроелектрани, кои сè…
ИРЛ откри дека во последната деценија на територијата на Националниот парк „Маврово“ е изградена цела дива населба веднаш над комплексот „Кораб Трница“. Дел од вилите се изградени и се веќе легализирани, додека други се градат во моментов. Сите се наоѓаат на државно земјиште, на заштитена територија. Меѓу оние кои изградиле или купиле вили на државен имот се помошник министерот во МВР Маријан Здравковски, пратеничката од ЛДП Моника Зајкова и актерите…
Во јавното обвинителство десетина семејства досега дадоа искази пред обвинителката која отвори истрага против доктор Жан Митрев за „Измама на пациенти“. Специјална комисија на Министерството за здравство се уште ги анализира досиејата на 560 пациенти врз кои во приватната клиника е изведена методата хемофилтрација. Пасошот на Митрев му е одземен поради опасност од бегство, но тој и натаму лекува пациенти, а неговата клиника се рекламира во многу медиуми. Роднини на…

















