Press "Enter" to skip to content

Демант од ИРЛ за Белешков Инжeнеринг: Клевета и лага е дека ИРЛ биле осудени за лажна и клеветничка емисија

На Предраг Велиновски судот му го одби тужбеното барање во кое што тој се жали дека ИРЛ клеветеле дека тој спроведувал спорен тендер врз грбот на децата во Крива Паланка. Судот ги прифати фактите и аргументите на ИРЛ дека тендерот бил спорен, а политичките врски на тужителот му овозможувале да се смислуваат тендери во проекти во кои што тој градел лускузни огради во училишта без тоалети. Судот одби 9 од…

МВР: „Дали носеше мини сукња“ е забрането прашање за полицаjците

Сторијата на ИРЛ за непостапувањето на полицијата и секундарната виктимизација на 19 годишните девојки кои беа нападнати од див таксист покрена протести и јавна дебата за прашањето за безбедноста на девојките и жените во земјава и неможноста да добијат институционална правда. Од МВР за ИРЛ велат дека таквото однесување на полицијата е недозволено. МВР бара и измени во Кривичниот законик каде што ќе има посебно кривично дело за полово вознемирување.…

Судскиот процес против Жан Митрев почнува на 28-ми февруари

На 28 февруари е закажано првото рочиште на доктор Жан Митрев, обвинет за измама на пациенти заболени од КОВИД 19. Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека го прифатил обвинителниот акт, а по предметот ќе постапува судијката Лидија Петровска. Од клиниката целосно го отфрлаат обвинението како неосновано и ќе докажеле дека ниту еден пациент не бил измамен. Основниот кривичен суд Скопје во целост го прифати обвинението против докторот Жан Митрев и…

Реакција на „Маја вода“ и одговор од ИРЛ

Компанијата МЛ-Гари до Истражувачката репортерска лабораторија испрати реакција со наслов „Демант“ која се однесува на текстот „Обвинителството се сомнева дека се переле пари во инвестиција промовирана од ДУИ“ објавен на 25.01.2023 година на www.irl.mk.  МЛ – Гари како сопственик на фабриката за полнење вода позната под брендот „Маја“ реагира на објавени информации добиени од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупација. Иако наводите во таканаречениот „Демант“ не демантираат никакви факти…