Денеска се заокружува една година од (не)успешниот референдум во кој граѓаните имаа можност, да и кажат на владата што мислат за Договорот од Преспа. Прашањето беше дали граѓаните ги прифаќаат одредбите од Договорот со Грција за да се доближиме до ЕУ и НАТО. И една година потоа, јавноста останува поделена по прашањето на промената на името и потпишувањето на историскиот договор. Политичките партии немаат консезус по ниедно државно прашање, а…
Владата најави борба со лажните вести. Се подготвува и акциски план. ИРЛ разговара со министерот без ресор задолжен за отчетност и транспарентност Роберт Поповски. За обвинувањата и шпекулациите дека власта сака да интервенира законски во решенија кои можат да бидат лоши за новинари, владата експлицитно негира. “Немаме намера да правиме нешто тајно или заткулисно, работниот дел беше отворен за јавноста. Тоа е само акциски план. Прво институциите треба да ги…
Сопствениците на ресторанот „Момир“ и кафулето „Ликвид“ денеска побарале сами да ги урнат дивоградбите кои задираат во водите на Охридското Езеро, по што даден им е разумен рок на своја рака да започнат со активностите, откако утрово се изведуваа подготовки за уривање од страна на општината. Од општината велат дека во текот на викендот ќе вршат инспекција и доколку сопствениците не го почитуваат сопственото барање, ќе руши општината, а ќе…
Таргет Тврдина е високопрофилен случај кој во судница го донесе човекот што важеше за недопирлив – Сашо Мијалков. Од спротивната страна, на столчето за сведоци, седи неговиот претходник во УБК – Зоран Верушевски. Едниот е повеќе мачо и бизнисмен, а другиот е смирен професор. И двајцата ја водеа институцијата со најлош демократски рејтинг во земјава и една од оние кои низ годините и отсуството на надзор акумулираше прекумерна моќ. Иако…

















