Дали државата дозволува неетичко профитирање во време на светска пандемија и како тие со повеќе пари можат да дојдат побрзо до тестови за разлика од оние кои немаат. Имате симптоми на Ковид-19 и сакате да се тестирате во лабораториите кои тоа го вршат. Можете да се јавите кај вашиот матичен лекар, па преку „Мој термин“ да закажете тестирање во државното здравство. Процедурата таму оди на следниов начин. Пријавувањето се прави…
Во земјава вкупно се направени околу 1.000 тестови во Институтот за јавно здравје заклучно со 25 март. Тестови масовно се прават и во приватната болница Жан Митрев, каде до 23 март таму се направени 835 теста или речиси исто онолку колку и во државните болници. Ден пред појавата на првиот случај на Ковид-19 во земјава, на 25 февруари, Клиничката болница „Жан Митрев“ на својата веб страница објави дека врши тестирања…
ИРЛ открива како дел од големите фабрики – странски инвеститори работат со проблематична примена на безбедносни протоколи. Работници од „Џојсон Сејфти Системс“ сведочат дека на работа доаѓале нивни колеги кои го прекршувале правилото на самоизолација, па дури и лица во постојан семеен контакт со лица вратени од ризичните земја. Сомнежите се дека раководството знаело за тоа, но мерки не се преземале. Во првите недели откако се откри и првиот заболен,…
Групниот карантин во касарната на Криволак наменет за двесте граѓани кои од преминот Деве Баир требаше да бидат пречекани и спроведени со армијата имаше цел да ни покаже дека институциите се сериозни и на готовс во борбата со КОВИД-19. Наместо тоа, и по три дена јавноста уште се занимава со мистериозниот случај за тоа како од 200 патници, се случи само десет да бидат пратени во карантин и тоа сите…

















