Претседателот Стево Пендаровски најави дека ќе донесе нова одлука за вонредна состојба за наредните 30 дена. Тоа нема да биде продолжување на кризната состојба која завршува денеска бидејќи во моментов нема таква можност затоа што Собранието не работи. „Јасно е дека уставотворецот нема предвидено ваква ситуација, Собранието да не работи и да не може да ја потврди мојата прва одлука за вонредната ситуација. Во ситуација кога пратениците земаат плата, кога…
Во време на пандемијата која кај нас досега одзеде 30 животи, а десетици се во опасност, кога стотици фирми ставија катанци на вратите, а илјадници луѓе останаа без работа, Владата во вонредните мерки „протна“ 120.000 евра за Исламската верска заедница и Македонската православна црква. Не ги наслови како помош за ИВЗ и МПЦ во справување со корона – кризата, туку пари од државниот буџет им додели на нивните факултети за…
Од неподобен за државно КОВИД тестирање до негативен рапид тест – како умре пациентот Р.З. Р.З. е локалниот трговец на градскиот пазар во Куманово. Има две деца и сопруга, за кои до пред само два дена тој преставува столбот на нивниот финансиски опстанок. На 31 март годинава Министерството за здравство соопштува дека четириесет и пет годишно лице кое патело од дијабетис и прекумерна тежина починало од вирусот КОВИД 19. Кумановскиот…
Приватното тестирање на КОВИД-19 почнува широко да се распространува. Пионер беше болницата „Жан Митрев“ за чии што етички принципи во наплаќањето екстра за итни тестови пишувавме вчера. Од денес тестови се прават и во болницата „Систина“. Но, тестовите во „Систина“ може да покажат дали болните го прележале вирусот, но не и да се детектира присуство на вирусот. Оваа приказна испитува дали граѓаните имаат доволно информации од страна на понудувачите на…

















