Поминаа три години откако потпорен ѕид се урна врз работник на градилиште во Дебар Маало. Пензионерот Мијалчо Тодоровски загина на работно место, додека се правеа темелите на станбена зграда. Зградата одамна е вселена, становите се продадени, а смртта на работникот падна во заборав на институциите и во медиумите. Тодоровски е само статистика, како уште една жртва која е затрупана под бетонот и под правдата. Загубата не ја заборава единствено неговото…
Во Македонија не само што нема истраги, туку дел од институциите ги спречуваат напорите на новинарите да откријат што се случило и дали земјата има силни механизми да ги заштити граѓаните од оние кои би можеле да профитираат на сметка на здравјето на граѓаните. Низата настани кои следуваат се дел од макотрпниот институционален пат на ИРЛ да ги добие одговорите за кои што надлежните не се заинтересирани Пишува: Давид Илиески,…
Улицата „Пржино“ или улицата 679 е мал слеп сокак. Таму тешко минува „Брзата помош“, а камоли камионот на „Комунална хигиена“. Но, на крајот на улицата, на врвот на ридот ќе никне огромна зграда. Целата процедура од донесувањето на ДУП-от до издавањето на дозвола за градба е проследена со обвинувања за политичко влијание во општинските кругови. Во соседните сокаци веќе се изградија неколку огромни згради. Паралелно со нив расте и бројот…
Мевлудин Алити е човекот кој што не може да добие покана за разговор од институциите. Тој е сопственик на парцелата на која што се гради дивоградбата. Но, ИРЛ открива дека неверојатната приказна за создавањето на бетонското чудовиште пред трговскиот центар „Мавровка“ почнува многу порано од дивата сеча на дрва и пожарот во кафулето „Фонтана“ кога овој човек пред 8 месеци успева да легализира времен објект. Пишуваат: Сашка Цветковска и Александра…

















