Press "Enter" to skip to content

Слава на критичната мисла: Најважните истражувања на колегите што ја обележаа 2023 

Истражувачкото новинарство е интензивно и побарува многу ресурси, време, пари и новинари со соодветни вештини. Ретко кога е лесно или едноставно, па затоа дел од медиумските организации се соочуваат со ограничувања во ресурсите од секој аспект и даваат приоритет на брзи и таканаречени исплатливи вести. Но, вистинските причини за исклучувањето на критичното и длабинското новинарство од уредувачката политика има мрачни и нечесни мотиви. Поголемиот дел од индустријата свесно избира да…

Зошто твојата мала донација е помоќна од скапа корпоративна реклама

Во истражување на Комитетот за заштита на новинарите од 2020 година, истражувачките новинари кои работат на финансиски криминал и висока корупција во 41 држава, за првпат одговориле дека број еден закана за нивната работа се корпорациите, а дури потоа владите и организираниот криминал. Нивното влијание врз нашите животи станува се поголемо, а највидливо е преку контролата на медиумите. Но, дали граѓаните можат да ја преземат контролата назад и како да…

Обвинителка од колегиумот на Јовески за тетовската модуларна болница избрана за негов привремен наследник

Обвинителката Соња Симовска беше дел од стручниот колегиум од обвинители којшто го состави Љубомир Јовески. Таа, исто како и другите обвинителите, ценела дека не мора да се бараат причините за пожарот, туку гласала да се гонат болницата, докторот и директорот.  Известува: Бојан Стојановски Соња Симовска е нов в.д. републички обвинител. Со девет гласа „за“, Советот на јавни обвинители ја избра да ја врши функцијата, но не подолго од шест месеци.…

Владата ги смислила, а дактилографката на Аврамовска Мадиќ ги искуцала спорните измени во КЗ за спас на корумпираните функционери

Спорните измени на Кривичниот законик со кои се овозможи заштита од прогон на сите лица чии судски процеси се неправосилни, а се опфатени од кривичните дела злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и злоупотреба при јавни набавки, биле подготвени во Владата. Ова го кажа заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ во изјава за ИРЛ појаснувајќи дека измените се креирани од владините коалициски партнери, СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците, а…