Press "Enter" to skip to content

„Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници или како Бранко Героски редовно ги „истражува“ ИРЛ, но никогаш олигархијата и мафијата

За Бранко Героски, долгогодишен уредник, ко-сопственик и главен и одговорен уредник на порталот „Плусинфо“, трагедијата во Кочани не е јавен интерес. Според него, за неа не треба да се известува, туку да се остави на истражителите. Затоа тој почувствувал „длабок порив“ да ги спречи „манипулациите“ на ИРЛ со свое ексклузивно „истражување“, иако самиот во објавата признава дека не ги разбира вештините потребни за истражувачко новинарство, ниту што претставува јавен интерес,…

Бавна истрага за брзите кредити

Помина полoвина година откако обвинителството отвори истрага за 43 лица кои неколку години мамеа граѓани и со лажни лични карти во нивно име подигаа брзи кредити. Обвинение сѐ уште не е поднесено. Обвинителот побарал нови шест месеци за да ја заврши истрагата. Дел од осомничените веќе излегоа од притвор. Известува: Александра Денковска Гоцевска Сите тројца осомничени кои беа притворени за измамите со брзите кредити повеќе не се во истражниот затвор…

Кривичен суд во целост го одобри обвинителниот акт за случајот „Пулс“

Кривичниот суд Скопје, на истекот на законскиот рок, во целост го одобри обвинителниот акт за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во трагедијата, што се случи на 16 март, загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени. Судењето ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска. Истражувањето што ИРЛ го објави минатата недела откри дека вработени во Управата за јавни приходи кои биле дел од инспекцискиот синџир на контрола,…

Одговор на ИРЛ за реакцијата на ЈОРСМ за истражувањето „Кочани-нашиот морален компромис“

Во реакцијата на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ) која следуваше по објавата на истражувањето на ИРЛ за пропуштените можности да се гонат лица чиишто можни кривични дела произлегле од доказите за „Пулс“ и покрај тоа што не биле директно поврзани со пожарот, ЈОРСМ тврди дека законските надлежности на УЈП се однесуваат на контроли за даночни и финансиски прашања, а не на безбедносни аспекти, па од тие причини тие…