Во само два дена на различни црни листи на САД завршија бизнисменот Јордан Камчев и компанијата Сајтрокс управувана од Иво Малинковски кои му се придружија на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. И покрај се’, ништо не ги допира македонските институции иако, според изјави на директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов постојат правни механизми и дома да се применат мерките од црните листи. Пишува: Маја Јовановска/Илустрација: Лука Блажев Јордан Камчев…
Владата потфрли – две министерки сметаат дека треба да се ревидира одлуката за спојување на концесиите за ископ на бакар и злато на „Еуромакс ресоурцес“. ИРЛ открива како изгледала владината седница на која се одлучувало за иднината на богатиот земјоделски Југоисточен регион. Прашањето за концесиите дошло како дополнителна точка на дневниот ред, а неа ја предложил министерот за економија Крешник Бектеши. Министрите немале никакви прашања и сите гласале „за“, затоа…
Документи со класифицирана содржина создадени од грчки и македонски тајни служби, биле споделувани од кабинетот на грчкиот премиер со приватната компанија Интелекса, која е автор на шпионскиот софтер Предатор, најверојатно без знаење на македонската страна. Станува збор за драфт меморандум за соработка кој никогаш не бил потпишан, но делегации на македонската Оперативно техничка агенција (ОТА) и грчката Национална разузнавачка агенција (ЕУП) внимателно го драфтувале во Солун во 2022 година. Желбата…
Партнер на внукот на Али Ахмети е Владимир Пјетерѓокај, а неговата компанијата „ПЕ-ВЛА-КУ“ добива атрактивни државни тендери за изградба на патишта. Тие беа дел од фирмите кои ја градеа обиколницата во Тирана во вредност од 100 милиони евра. Според известувањата на албанските медиуми оваа фирма спаѓа во групата компании за кои постоеле сомнежи дека се фаворизираат на тендери со поддршка на албанскиот премиер Еди Рама. Известува: Бојан Стојановски; Илустрација: Лука…

















