Неможноста навремено и ефикасно да се обезбедат сервиси за граѓаните кои се гарантирани со средствата што граѓаните по основи на даноци и такси ги уплаќаат во буџетот е еден од разорните ефекти на системската корупција. Проблемот може да се илустрира преку актуелните проблеми со вадење на лични документи. Граѓаните веќе неколку месеци поминуваат низ долги и исцрпувачки процедури за задолжителната промена на личните документи. Владата дури и драматично ги поскапе…
Истражувачкото новинарство е интензивно и побарува многу ресурси, време, пари и новинари со соодветни вештини. Ретко кога е лесно или едноставно, па затоа дел од медиумските организации се соочуваат со ограничувања во ресурсите од секој аспект и даваат приоритет на брзи и таканаречени исплатливи вести. Но, вистинските причини за исклучувањето на критичното и длабинското новинарство од уредувачката политика има мрачни и нечесни мотиви. Поголемиот дел од индустријата свесно избира да…
Во истражување на Комитетот за заштита на новинарите од 2020 година, истражувачките новинари кои работат на финансиски криминал и висока корупција во 41 држава, за првпат одговориле дека број еден закана за нивната работа се корпорациите, а дури потоа владите и организираниот криминал. Нивното влијание врз нашите животи станува се поголемо, а највидливо е преку контролата на медиумите. Но, дали граѓаните можат да ја преземат контролата назад и како да…
Обвинителката Соња Симовска беше дел од стручниот колегиум од обвинители којшто го состави Љубомир Јовески. Таа, исто како и другите обвинителите, ценела дека не мора да се бараат причините за пожарот, туку гласала да се гонат болницата, докторот и директорот. Известува: Бојан Стојановски Соња Симовска е нов в.д. републички обвинител. Со девет гласа „за“, Советот на јавни обвинители ја избра да ја врши функцијата, но не подолго од шест месеци.…

















