Press "Enter" to skip to content

Контроверзен бизнисмен му продал на кумановски Комуналец средство за одмрзнување улици за цела следна деценија

Македонија веќе една деценија ги искусува ефектите од глобалното затоплување. Зимите стануваат пократки, просечната температура на годишно ниво забрзано се крева. Но, овие фактори не играле голема улога кога во комуналното претпријатије од Куманово решиле дека им треба средство за одмрзнување улици со залихи за следните 10 години. Го платиле далеку над пазарната цена, а трговецот кој им го продал е контроверзниот бизнисмен Ѓоко Динев, кој раководеше со подружницата на…

Членуваш во партија и сакаш втора работа во време на пандемија? Државните компании Ве очекуваат

Пандемијата предизвика многу млади луѓе да ја загубат својата работа или воопшто и да не можат да влезат на пазарот на труд. Но, ако сте член на партија, не грижете се за својата иднина. Некои млади најдоа и втора работа и тоа во една од трите најмоќни државни компании. Известува: Лила Караташева; Илустрација: Лука Блажев Во земјите во развој како Македонија, на младите им е уште потешко да најдат работа.…

Продадени сите станови во „хотелот“ на Пелагонија Гостивар во Маврово

Една дозвола за градба од 1991 година, една понова за доградба на хотел кој што не постоел и неколку замижани институции биле потребни за да се изгради првиот станбен комплекс до ски терените во Маврово. Сето тоа се направило на државна земја која што инвеститорот Пелагонија АД Гостивар ја купил по цени десетина пати пониски од пазарните.  Голем дел од хотелите градени во минатиот систем  и ден денеска предизвикуваат воздишки…

Бетонизација на Пржино: Итриот инвеститор, кутриот градоначалник

Улицата „Пржино“ или улицата 679 е мал слеп сокак. Таму тешко минува „Брзата помош“, а камоли камионот на „Комунална хигиена“. Но, на крајот на улицата, на врвот на ридот ќе никне огромна зграда. Целата процедура од донесувањето на ДУП-от до издавањето на дозвола за градба е проследена со обвинувања за политичко влијание во општинските кругови. Во соседните сокаци веќе се изградија неколку огромни згради. Паралелно со нив расте и бројот…