Македонија е мала држава и луѓето имаат многу роднини и пријатели, вака сумирано звучеше „одбраната“ на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска за се погласните обвинувања во јавноста дека владејачката СДСМ и нејзините партнери ги злоупотребуваат својата моќ и влијание за да ги вработуваат своите блиски во атрактивни државни институции. Во интервју со новинарот Боби Христов кое беше посветено на евроатланските интеграции, Шеќеринска кусо одговораше и за актуелните скандали со индиции…
Изјава на денот „После несаканиот инцидент што се случи со системот за затоплување во Гинеколошката болница Чаир, случајно вчера за време на нашите активности што ги имаме во рамките на имплементација на „Планот за чист воздух“, имавме среќа на средбите да присуствува и менаџерот на компанијата „Блу ер“ и тој не се либеше да помогне во овој момент. Со донација на оваа компанија од 10.000 евра денеска е опремен здравствениот…
Изјава на денот „Не постои ниту вина ниту докази дека Митко Чавков сторил кривично дело. Обвинението се темели на една нецелосна реченица дека не била издадена наредба за распоредување дополнителни полициски сили за да се спречи влегување во Собранието“, изјави денес во судот адвокатот Сашо Дуковски додека ги презентираше завршните зборови во одбрана на неговиот клиент Митко Чавков, обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок за насилните протести во Собранието…
Изјава на денот „Претпоставувам дека Јован Илиевски и Сашо Мијалков како роднини имале и лични контакти, но сигурно како носители на функциите имале и професионални контакти. Не би сакал да се впуштам во полето на лични претпоставки и шпекулации дали она што стигало како предметна работа во тоа обвинителство има некаква, еве нека биде, и најблага форма на судир на интерес помеѓу овие две личности и нивните функции и во…

















