„Постои огромно единство во СДСМ. Вчерашната дебата покажа дека такви одлуки се носат во една силна демократска атмосфера. Имаше различни ставови за различни политики. И претходно имало членови кои различно дискутирале од претседателот Заев. Но имаме огромно единство, нашата цел е победа на следните парламентарни избори рече за 1тв Љубчо Николовски , новиот генерален секретар на СДСМ којшто доаѓа на местото на Александар Кирацовски. Овој дипломатски одговор дојде по новинарското…
Долгоочекуваната седница на Комисијата на мандатно имунитетни прашања, наместо со одземаење на мандатот на поранешниот премиер и бегалец во егзил, Никола Груевски, заврши со оставка на пратеникот и претседателот на Комисијата, Павле Богоевски. Десетминутниот говор во кој Богоевски ја образложува својата оставка дојде по барањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дневниот ред на Комисијата да се дополни со со нова точка, а тоа е прекршувањето на Етичкиот кодекс на пратениците…
Државата треба да продолжи да работи во сферата на борбата против нееднаквоста, животната средина и лажните вести, рече премиерот Зоран Заев запрашан какви поуки ќе извлече земјата од прашањата по кои што Папата Франциск е исклучително вокален во светот како растечката нееднаквост како последица на корупцијата, лажните вести и пропагандата за коишто Папата проповеда дека се смртен грев и проблемите со животната средина. „И ние политичарите, и вие новинарите и…
На денот на Светскиот ден на слободата на медиумите, меѓународната организација „Репортери без граници“ посочува дека помалку од десет проценти од светската популација денес живее во држави каде што новинарите работат во поволни услви и им е дозволено непречено да ја вршат својата должност слободно и независно. Само за 9 проценти од жителите на планетата ,состојбата со слободата на печатот е или добра или задоволителна – според методологијата на оваа…

















