Претседателот Стево Пендаровски се откажува од државните привилегии кои му следуваат по истекот на мандатот. Во изјава за тв 24 од неговиот Кабинет велат дека тој ќе се откаже од правото на користење на канцеларии со соработници и од доживотната претседателска пензија. „По истекот на мандатот претседателот смета дека би требало да му се обезбеди просторија во некоја од државните институции каде би ги извршувал протоколарните активности“ – велат од…
„Јас немам ниту обврска, ниту право да прашувам и истражувам како се финансира телевизијата пред да прифатам да бидам нивен гостин“, рече денеска министерката за правда Рената Дескоска во интервју на емисијата 360 степени на телевизијата „Алсат“. Дескоска одговараше на прашањето на новинарот Васко Попетревски кој ја праша министерката дали се чувствува непријатно поради своите лични контакти со првоосмничениот во случајот „Рекет“ – Бојан Јовановски. На ова прашање, Дескоска рече…
Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино преку соопштение упатено до иранските власти побара во иднина на жените да им биде дозволен влез на фудбалските стадиони. Во Иран, жените не смеат да бидат на стадион кога играат мажи, па првиот човек на светскиот фудбал смета дека е дојден момент за промени. „Нашата позиција е цврста и решителна. На жените мора да им биде дозволен влез на фудбалските стадиони во…
Во вечерашната анализа на Телевизија 24, Министерот за надворешни работи Никола Димитров истакна дека Власта конечно после одлуката на ЕУ за почеток на преговорите во Октомври ќе започне пресметка со подземјето и криминалот во државата. Откако потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски го обвини министерот за надворешни работи Никола Димитров за вмешаност во случајот „Рекет“, тој истакна дека токму после датумот за преговори ќе дојде задоцнетата правда. „Планината наша што доаѓа…

















