Press "Enter" to skip to content

Јурова: Сакаме правосудство со професионалци, за кои ќе нема сомнежи околу нивниот интегритет

Еврокомесарката за правда Вера Јурова по првиот ден на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи на Европска Унија и Западен Балкан, истакна дека нивните очекувања се секторот на правосудството да биде исполнет со професионалци кои имаат интегритет. „Сакаме секторот на правосудство да биде пополнет со професионалци кои ќе уживаат доверба, за кои нема да има сомнежи околу нивниот интегритет и нивната професионалност, па процесот на ветинг може да е…

Славески: Буџетот за 2020 е популистички скроен за купување на гласови

„Скорениот буџет за 2020 е популистички со единствена цел купување на гласови од граѓаните. Тоа не е буџет за развој на економијата“. Вака поранешниот министер за финансии, Трајко Славески го коментира буџетот за следната година. Според него, власта не планира да вложува во изградба на нови патишта, училишта и други инфраструктурни објекти. „Средствата што не се вложуваат во инфраструктура, во изградба на нови училишта, изградба и адаптација на болници пулистички…

Заев: Груевски ги зема 15-те милиони провизија за кинеските кредити

Премиерот Зоран Заев на денешната трибина на СДСМ „На прав пат“ што се одржа во Велес, освен пофалби за сработеното на Владата, упати и критики до правосудсниот систем. Тој пред велешани вети дека ќе има целосен ветинг на судиите и обвинителите, со цел да се расчисти со корумпираните во нивните редови. Рече дека многу малку случаи кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство имаат судска разрешница. А, особено го нагласи предметот…

Дескоска: Гласот на судството се слуша само кога се работи за пари

Според министерката, Рената Десковска гласот на судството се слуша само кога станува збор за распределбата на парите и вели, луѓето од судската власта имаат најмалку кредибилитет да зборуваат кога довербата во нив е на најниско ниво. Нејзината реакција следи по протестот на судската администрација за додатоците на плата. Навистина е непријатно, рече министерката, кога во рамки на судството се јавуваат конфликти, внатре меѓу различни групи за начинот на поделба на…