Поранешниот премиер Владо Бучковски денеска во завршните зборови на судењето за „Тенковски делови“ кажа дека му била украдена победата, бидејќи тој и другите обвинети покажале дека нема дело, а обвинителството се повлече поради застарување на делото и на тој начин не им дозволи да докажат дека не се виновни. Сепак, рече тој, во нерамноправна борба ги победиле креаторите на случајот, поранешниот министер за правда Михајло Маневски и неговата сопруга Филимена,…
Стратегијата за одбрана ќе биде дополнета со посебен дел за мерки и активности за еколошка безбедност, а првпат во историјата на дневен ред на Советот за безбедност ќе биде заштитата на животната средина, изјави претседателот Стево Пендаровски на конференцијата „Климатска акција: Да се спречува и да се лекува“. „Иако беше во завршна фаза, пред да ја потпишам ја вратив во процедура Стратегијата за одбрана за да ја дополниме со посебен…
„Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите“, му напишала шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска на судија член на Апелацискиот судски совет, откако поранешната специјална обвинителка Катица…
Со оглед на неопходните средства да се отстранат галиите од реката Вардар, скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој и во предизборната кампања го форсираше прашањето со галиите, најави нова мерка. Шилегов денеска порача дека со парите од запленетиот имот на ВМРО- ДПМНЕ, ќе се обесштетат сопствениците на галиите во Вардар, а потоа ќе ги отстранат од речното корито. „Отстранувањето ќе не чини 6–7 милиони евра. Кога ќе се заплени имотот на…

















