Поранешниот судија Сејфула Османи вели дека ветингот ќе ја подобри состојбата во судството, но освен во судството, според него, ветинг треба да се направи и во многу други области. „Сметам дека механизам за целосна декриминализација е ветингот кој многу ќе му помогне на нашето општество. Но, не треба ветинг само во судството. Јас не велам дека во судството нема корупција, но велам дека има и други зони во општеството кои…
Невена Георгиевска од „О2 Иницијатива“ на денешниот „Марш за чист воздух“ на кој излегоа илјадници граѓани, упати критики кон надлежните за нивната неуспешност во справување со загадениот воздух. „Дел од тие што пред 4 години организираа протести против загадувањето на воздухот, сега се во Влада. Тогаш загадувањето беше проблем, а денес ни кажуваат дека проблемот бил комплексен и требало време. Доста ни се приказни дека нивните мерки вродуваат со плод,…
„Јавно го повикуваме Груевски да се врати во државата“, одговори генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на прашањето на потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски во емисијата „24 Анализа“. Потоа Манчевски го праша дали се залагаат Груевски да се врати и да си ја одлежи затворската казна, на што Јанушев одговори „Да, еве јавно го повикуваме“.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата чиј поранешен лидер е во бегство, осуден за криминал и против кого се водат уште неколку случаи за финансиски криминал тешок милиони евра, вечерва најави изборна програма во која клучно ќе биде владеење на правото и борбата со криминалот и корупцијата. „Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за изборите ќе понудиме нешто што ќе биде надвор од секојдневието за овие наши балкански услови. Суштината ќе биде поделена на…

















