Што истражуваме Во име на интересот на неколкумина Градот Скопје со години дозволувал хаос и беззаконие во јадрото на Градскиот парк. Малку се и оние граѓани кои знаат дека постои посебна фирма која што ја основале институциите на градот која има задача да управува со паркот. Нејзината работа со години е надвор од радарот на јавностa. Тимот на новинари на ИРЛ ја истражуваше работата на оваа фирма основана уште во…
Поволна кирија за телохранителот на поранешниот премиер или таква која нема никаква пазарна логика. Со државни ресурси „гладијаторот“ Тоше Зафиров држел приватен фитнес клуб којшто директорите на ДУИ и ДПА лажно и го претставиле на јавноста како проект од интерес на студентите. Во 2007 година директорот на студентскиот дом „Пелагонија“ Азем Садиќи преку медиумите го најавува проектот „Во здраво тело здрав дух“ и најавува фитнес сала за студентите. Впечатокот којшто…
За ДУИ често во јавноста се коментира како за недопирливи луѓе. Тие го преживеаја ударот од падот на нивното заедничко недемократско владеење заедно со ВМРО-ДПМНЕ и продолжија и со новата власт на СДСМ. Со години држат клучни позиции во многу инстутиции. Во јавноста се открија корупциски скандали врзани со работата на оваа партија, институциите како СЈО отворија истраги за корупција во редовите на ДУИ, но се чини дека ниту еден…
Во третото продолжение од сторијата „Советничка афера“ ИРЛ објавува нови три имиња кои му се надворешни советници на премиерот Зоран Заев. Мистериозен советник за ЕУ, водител и текстописец на народни песни и новинар. Во првите два дела објавивме дека соработници на Заев му се писателот Венко Андоновски и бизнисменот Александар Ружин, како и Филип Андов – Сокол и Стефани Арсовска. Денес објавуваме кои се советниците за ЕУ интеграции, медиуми и…

















