Приватни фирми блиски до сојузниците на Орбан ги работат таканаречените унгарски трговски куќи на Балканот, проект на Унгарската влада. По многуте контроверзии во Унгарија за нетранспарентно трошење на буџетски средства за приватни компании кои се дел од овој проект, владата распиша нов тендер. Го добија истите лица, а меѓу нив е и Македонецот Сашо Јанакиевски и неговата компанија „Еко Клуб“ . Прочитајте го истражувањето на партнерската организација на ИРЛ Македонија…
Протечените емаил пораки од лондонската фирма Formation House покажуваат како Груевски планирал офшор зона во Македонија по примерот на Гамбија. Требало да се вика Трејд Парк Македонија. Лажни банки и тајна регистрација на фирми се дел од сценариото дизајнирано од лондонскиот консалтинг чијшто основач беше обвинет дека перел пари за ирански нафтени компании кои биле под санкции на САД и ЕУ, за шведскиот организиран криминал и низа светски измамници. Идејата…
Енвер Малиќи не е обичен бизнисмен. Тој е и политичар. Член е на Советот на Град Скопје и заменик градоначалник. Поседува хотели, гради станови, продава алкохол и цигари. Мажот на годината и почесниот конзул на Мексико неодамна наплати 2,2 милиони евра камати од државата затоа што бил оштетен, па наместо три ќе можел да гради само еден хотел под Калето. Си ги врати парите од буџетот, а не и’ ги…
Се паркирате на бензинска пумпа да го наполните резервоарот на вашиот автомобил со гориво. Од звучникот на малиот екран вграден во апаратот за полнење гориво се слуша новата реклама, “Горива со највисок квалитет. Целосно задоволен Европскиот и Македонскиот стандард”. Со овие зборови продавачот ви го гаранира најдоброто за вашиот автомобил и околината. Вашите автомобили не се единствените кои користат горива како извор на енергија. Голем број од домаќинствата се греат…

















