По речиси една година без Антикорупциска комисија, Собранието го објави огласот за избор на новиот состав. Ќе се избираат претседател и шест члена со мандат од пет години, без право на повторен реизбор. Огласот е објавен во дневни весници и ќе трае седум дена. При изборот, според новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси, ќе важи принципот на соодветна и правична застапеност и принципот на подеднаква родова…
Поранешен вработен во Мосак Фонсека, панамската адвокатска компанија во центарот на скандалот „Документите од Панама“ од каде што протекоа повеќе од 11,5 милиони правни и финансиски документи, беше екстрадитиран во Германија во средата во врска со меѓународно даночно затајување кое е дел од истрагата, ова го соопштија германските медиуми. Дик Брауер , германски инвестициски банкар кој работеше во Мосак Фонсека, беше уапсен во Париз кон крајот на минатат година. Тој неколку…
Аркадиј Ротенберг, пријател на Владимир Путин од детството, минатата недела доби државен договор за спроведување на антикорупциска обука и развој на граѓанското општество низ целата земја. Руската влада додели 46 милиони рубли (688.000 американски долари) на Грант ЛЛП за насочување и менаџирање на јавни дискусии и конференции. Според руската корпоративна база СПАРК, оваа компанија е во целосна сопственост на Ротенберг. Поранешниот џудо партнер на претседателот Путин, Ротенберг има огромна корист од…
Министерството за внатрешни работи неколку месеци го расчистува случајот со претепаниот осуденик Стојан Павлески, кој беше еден од осудените за напад на пратеникот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. Павлевски бил претепан во октомври минатата година кај Зелен пазар и оттогаш се наоѓа на Клиниката за трауматологија. Од МВР тогаш било објавено кусо соопштение во дневниот билтен. „На 24.09.2018 од граѓани било пријавено дека на влезот од Зелен Пазар, во…

















