Со цел да не се шират дезинформации објавуваме мало дообјаснување за оваа сторија за „Империја“. Сторијата е објавена на 12 февруари 2019 година, а не на денешниот датум. Со оглед дека многумина читатели деновиве ја споделуваат сторијата, должни сме да објасниме дека поради софтверски проблем сите текстови на ИРЛ од неодамна се објавуваат со актуелниот датум. Во скоро време овој проблем ќе биде остранет. Десетици фирми се дел од истрагата…
Лесно е да го вработиш, тешко е да ги избркаш ако не работат, ова отприлика би можела да биде сумираниот заклучок од анализата на Институтот за демократија кој ги објаснува слабостите во законите и постапките кои уредуваат назначувања во управните и надзорните одбори. Ниски и преопшти критериуми: Речиси 120,000 граѓани исполнувале услов за членови на управен одбор на државно Скоро 6% од вкупното население во државата е погодно да стане…
Нова постапка против „1ТВ“ ќе поведе Агенцијата за медиуми бидејќи Јасминка Јовановска, новоизбраниот член во Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации е сопруга на еден од сопствениците на „1ТВ“, потврди директорот на агенцијата Зоран Трајчевски за ИРЛ откако објави агенцијата Макфакс. Постапката ќе биде отворена во петок, на наредната седница на Советот на Агенцијата. Според членот 38 од Законот за аудио и аудиовизуелните медиуми, „политички партии,…
Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, со зачуденост ги доживеа прашањата поради се погласните прозивки во јавноста за партиски и семејни вработувања на лица блиски до видни владини функционери. „Денеска е чудно што било кој симпатизер на оваа власт се вработува и во јавни институции. 10 години на сите членови на СДСМ им беше забрането да се вработуваат во јавен и приватен сектор. Каде да одат овие луѓе, треба да…
















