Обвинителката Соња Симовска беше дел од стручниот колегиум од обвинители којшто го состави Љубомир Јовески. Таа, исто како и другите обвинителите, ценела дека не мора да се бараат причините за пожарот, туку гласала да се гонат болницата, докторот и директорот. Известува: Бојан Стојановски Соња Симовска е нов в.д. републички обвинител. Со девет гласа „за“, Советот на јавни обвинители ја избра да ја врши функцијата, но не подолго од шест месеци.…
Берат Дехари, функционер од кариера и обожавател на вицепремиерот Артан Груби е единствениот од кандидатите кој најави борба со корупцијата во медиумите. На прашањето дали бил ангажиран во штабот на ДУИ за локалните избори во 2021 година одговори скептично и изрази сомнеж дали ИРЛ воопшто е медиум. Известува: Лила Караташева; Илустрација: Лука Блажев Мандатот на сегашниот состав на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) истекува на осми февруари догодина.…
Сватовската врска меѓу судијката Благица Ѓошевска и адвокатот на „Фероинвест“, Ратко Ѓорѓиевски доведе до откажување на денешната пресуда во случајот каде фирмата-ќерка на „Фероинвест“, ЕМС, го тужи Министерството за здравство за неисплатени три модуларни амбуланти. Од друга страна министерството бара договорот да се прогласи за ништовен бидејќи по пожарот во Тетово склучиле незаконски анекс со којшто сумата се зголемила. Основниот суд Скопје 2 ќе одлучува дали предметот ќе го врати…
Последното рочиште помеѓу Министерството за здравство и компанијата „ЕМС“ мина во тензична атмосфера. Фирмата ќерка на „Фероинвест“ бара да и’ се исплатат 1,2 милиони евра за изградени три модуларни амбуланти, додека министерството спори дека поради незаконскиот анекс со којшто сумата се зголемила за да се подобрат безбедносните стандари по пожарот во Тетово – договорот е ништовен. Адвокатот на тужителот бараше репортерот на ИРЛ да биде отстранет од судницата и да…

















