Индексот на Траспаренси Интернешнал кој рангира 180 држави од целиот свет според нивото на перцепција на корупција во јавниот сектор, ја постави Македонија на ниското 106то место, 13 места подолу од минатата година. Од вкупно 100 можни поени, каде 0 поени значи највисок степен на корупција, а 100 најнизок, Македонија освои само 35 поени. Заедно со Албанија која исто така има само 35 поени, овие две држави се меѓу последните…
Кочо Анѓушев од денеска повторно е бизнисмен. Десет дена по напуштање на вицепремиерската функција тој се врати на чело на своите компании. Анѓушев промената ја направи и официјално во Централниот регистар и повторно е запишан како управител на компанијата „Брако“ на местото на досегашниот Ратко Ѓорѓиевски. Анѓушев оставката ја навести уште во ноември, со образложение дека не му е местото во техничка Влада. „Значи јас имам потреба да седам во…
Српскиот новинар и основач на Центарот за истражувачко новинарство КРИК Србија минатата ноќ беше приведен и задржан на аеродромот во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати, под изговор дека бил на црна листа, по што е депортиран во Србија. Службените лица не одговориле од кои причини е на таа црна листа и која држава го ставила на истата. Дојчиновиќ во Абу Даби требаше да биде говорник на конференција на Обединетите нации…
Ана Камчева е адвокат. Во јавноста, пак, предизвикува повеќе внимание како жената на контроверзниот мултимилионер Јордан или Орце Камчев. Во времето кога нејзиниот сопруг беше близок со Сашо Мијалков, тие често беа таргет на забавниот печат кој што пренесуваше фотографии од ноќните излегувања на двајцата моќни фунцкионери и бизнисмени со нивните сопруги. Побратимството неодамна се расипа, а Мијалков и Камчев минуваат бајаги време бавејќи се со судиии и обвинители. Првиот,…

















