Лидерите на политичките партии кои вечерва беа на средба кај претседателот Стево Пендаровски стојат зад идејата државата што поскоро да ги почне пристапните преговори со Европската унија. Пендаровски по завршувањето на првиот дел од состанокот пред медиумите изјави дека сите присутни политички партии се согласни дека државата треба што поскоро да ги почне и да ги зварши пристапните преговори со Европската унија. „Имаме јасен државен консензус од релевантните политички лидери…
По седум часа преговори, Заев и Мицкоски од Собранието си заминаа без договор. Новинарите во два часот по полноќ го напуштија Парламентот со по некоја штура информација од преговарачките тимови. Премиерот Зоран Заев пристигна прв во Собранието и им понуди на новинарите да даде изјава. Но, дел од нив го одбија и рекоа дека ќе го чекаат исходот од средбата. По десетина минути дојде и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и точно…
„Во држави рекордери по индексот на корупција, криминалот и корупцијата се развиваат само ако државата е нивен заштитник. Рангирањата покажуваат дека оваа влада штити криминал и произведува корупција. Потребни се коренити реформи и воспоставување на владеење на правото и правна држава, реформирано и независно судство. Граѓаните да се чувствуваат заштитено, сигурно, да може да добијат правда кога се нападнати од неправда. Тоа го ветуваме ние.“ , изјави во видео обраќање…
















