Инфлацијата забави, но цените не се вратија назад, туку останаа високи. Животот во последните четири кризни години, откако војната во Украина почна да врши глобален притисок врз цените, поскапе за повеќе од една третина, а храната за над 50%. Растеа и платите, но и понатаму дури четворица од пет граѓани заработуваат под просекот, кој покрива само околу две третини од месечните потреби на едно семејство. Поради ова, политичките изјави за…
Анализата на трошоците за живот покажува дека последните две години, за време на кризата, односно во 2022 и 2023 година, сѐ поскапи за 25%, а во истиот период приходите на граѓаните пораснале за само 10%, што доведе до колективно осиромашување на нацијата. Меѓу најголемите добитници од кризата се супермаркетите. Прoфитите на 10-те најголеми синџири маркети лани пораснале за 40 проценти повеќе отколку годината пред тоа. Известува: Александар Јанев; Графика: Лука…
Изразена средношколска сиромаштија, врсничко насилство кое не запира во училиште туку продолжува и на социјалните мрежи. Јазот помеѓу сиромашни и ултра богати средношколци се продлабочува. Сегашните матуранти половина од четирите години средно образование го поминаа дома поради пандемијата и заканите од бомби што неминовно влијаеше на нивниот социјален живот. Гости во поткастот „Разговор во Редакција“ се матурантите Лука Павиќевиќ и Јана Попова како и професорката во гимназијата Раде Јовчевски Корчагин,…
Во Македонија 30 години системски се разградува енергетскиот сектор. Од земја во која во времето на социјализмот се градеа енергетски објекти, транзициските политичари ја претворија Македонија во држава во која енергетската независност и развојот на овој сектор е само на хартија и тоа во изборните програми на партиите. После секои избори, развојот на енергетскиот сектор се сведуваше на тоа политичари или блиски роднини и пријатели на политичари да увезуваат електрична…

















