Пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски, која е осомничена во истрагата за финансиски криминал на Меѓународниот сојуз не чувствува никаква вина. По денешниот распит во Судот, Ременски повика Обвинителството да ја докаже нејзината вина, а медиумите да ја почитуваат презумцијата на невиност. Таа рече дека ќе ја почитува секоја одлука на премиерот Зоран Заев, кој од позицијата на претедател на СДСМ најави нејзино разрешување од партиските функции. За нејзино евентуално повлекување…
Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села во вечерашното издание на емисијата 24 анализа рече дека премиерот Зоран Заев е контрадикторен со денешата најава дека ќе ја отстрани Фросина Ременски поради сомневањата за „Рекет“, а Бујар Османи кој е осомничен во случајот „Пациент“ му е вицепремиер. „Османи е исто така осомничен за корупција од 400.000 евра. Ова ми делува дека Заев со денешната најава за Ременски сака само да ја…
Едниот е почесен конзул на Србија во земјава, другиот чека одобрение да стане на Бугарија. Првиот царува во градежниот бизнис, вториот е кралот на офшорите. И двајцата беа функционери на СДСМ, а потоа миленици на Никола Груевски. И двајцата беа осомничени во финансиски афери, но никогаш не поминаа ни ден во затвор. И сега се повторно заедно како дел од најголемата политичка афера „Рекет“. Но, од контроверзни ликови двоецот Силјан…
Актуелната пратеничка и потпретседателка во Собранието на Република Северна Македонија, Фросина Ременски е една од осомничените во рамките на новата истрага поврзана со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, отворена од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Во истрагата во која се опфатени пет физички лица и едно правно, како што соопшти обвинителот Љубомир Јовески, е и Ременски, а се сомничат за перење пари, измама и помагање. Меѓу нив,…

















