Таргет Тврдина е високопрофилен случај кој во судница го донесе човекот што важеше за недопирлив – Сашо Мијалков. Од спротивната страна, на столчето за сведоци, седи неговиот претходник во УБК – Зоран Верушевски. Едниот е повеќе мачо и бизнисмен, а другиот е смирен професор. И двајцата ја водеа институцијата со најлош демократски рејтинг во земјава и една од оние кои низ годините и отсуството на надзор акумулираше прекумерна моќ. Иако…
Колку Законодавниот дом во Македонија е реална слика на волјата на граѓаните? Постоечкиот изборен модел е во полза на поголемите партии, а претставниците на помалите ќе речат дека треба да се наметне прашањето како да се „совлада“ монополот на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ? Неодамна повторно во јавноста темата за изборниот модел ја наметнаа 12 пратеници од 10 партии и еден независен пратеник. Нивниот императив сега за сега е една изборна…
Кога ќе стане збор за намалување или зголемување на привилегиите на политичарите, тогаш тие секогаш имаат идентичен став. Од позиција на власт или опозиција, и партиите и нивните преставници брзо и тивко се усогласуваат за законите со кои се регулираат нивните права. Така беше кога во неколку наврати кога во Парламентот се гласаа измени во Законот за пратеници, Законот за финансирање на политички партии, Законот за слободен пристап до информации…
Претседателот на Комисија за економија на СДСМ, воедно и заменик министер за економија, Кирил Колемишевски денеска од партиското седиште се пофали дека економијата е стабилна и се движи во добар правец. „Успесите во економијата се и меѓународно признати. Според Индексот на економски слободи за 2019, објавен од фондацијата „Херитиџ“ државата е рангирана на 33 место во светот според индексот на економски слободи за 2019 година. Со тоа, нашата држава е…

















