ИРЛ открива како цели фамилии на членови на ВМРО ДПМНЕ создаваат лажни рејтинзи во лажни институти. Американските пријатели на Виктор Орбан мерат изборен рејтинг во корист на Мицковски. Брима Галуп не е Галуп, а познати агенции играат за партиите наместо за довербата на граѓаните. Медиумите ги кршат законите за објавување на рејтинзи, но поради пропуст во Изборниот законик, ДИК нема механизам да казнува. Пишуваат:Маја Јовановска и Сашка Цветковска Дополнително известување:…
Ако ве интересира кој ги информира жителите во градовите надвор од Скопје, имајте на ум дека работите се променети после една деценија длабока корупција која доведе од истребување на локалните медиуми. Но, дали се променети на подобро. Локални медиуми речиси и нема, но затоа општините и институциите имаат вработени новинари, пишувачи на постови на социјалните мрежи, фотографи, сниматели. Цели видео продукции работат за нив. Се е околу пиарот кој што…
Сѐ уште постојат центри на влијание и на отпор за нормалното информирање и за нормална програмска содржина што треба да ја нуди Националната радиотелевизија, рече министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски на денешната дебата на тема „Финансирање, управување и регулација на Јавниот сервис“. „Последниот бастион на отпор кон перспективите на државата остана Македонското радио. Таму за време на референдумот продефилираа сите најтврдокорни ликови кои сакаа крв да се…
Веќе трет ден на петте национални телевизии не се пренесуваат изјави и ставови на техничкиот премиер, министрите и нивните заменици во Владата. Во вестите на Сител, Канал 5, Телма, Алсат и Алфа ТВ се објавуваат тонски парчиња само од пониските ешалони во власта, односно директори на институции, а се пренесуваат и партиски ставови. Вчера техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче беа во посета на Торакална хурургија…

















