Ова е најскапата набавка на мазут во државата кога било, направена меѓу државната ЕСМ и еколошки контроверзната компанија РКМ. Никој од лиценцираните трговци со мазут не се пријавил на двата повика за набавка на вкупно 188 илјади тони мазут, но Капушевски доставил понуда со девет фирми од различни држави како негови добавувачи. ОМВ од Австрија и ИНА од Хрватска тврдат дека Капушевски ги излажал ЕСМ дека тие ќе му продаваат…
„Се чини дека земјите кои најмногу страдаат од банкарската таинственост се земјите во развој. Истражувањето ‘Швајцарски тајни’ го потврдува она што експертите долго време го зборуваа: Швајцарија се согласи на автоматска размена на податоци со други развиени земји, но не и со сиромашните земји, а особено со оние кои би можеле да бидат дом на овие нелегални активности како што се клептократијата и корупцијата и можат да продолжат да цветаат…
1.Што се Швајцарски тајни? „Швајцарски тајни“ е проект, односно меѓународно истражување за една од најбогатите и структурно најважните банки во светот – Кредит Свис од Цирих. Истражувањето го работеа над 150 новинари од 48 медиуми ширум светот кои со месеци анализираа протечени информации за банкарски сметки во Кредит Свис. Добија податоци за повеќе од 18.000 сметки на кои имало над 100 милијарди американски долари. Швајцарија е земја која е позната…
Швајцарските тајни од базата на податоци на „Кредит Свис“ ќе откријат матни операции на крупни имиња од светската индустрија на обложување кои се одвивале во Македонија повеќе од две децении. Репортерите на ИРЛ и СТВ откриваат дека сметки во „Кредит Свис“ биле користени да се скрие данок од македонските даночни обврзници, а некои од нив се дел и од актуелно судење за перење пари во гевгелиското казино „Аполонија“. Македонските институции,…

















