Непосредно пред вториот круг на претседателските избори, премиерот Зоран Заев гостуваше во емисијата „Отворено“ на Телевизија 24 . Тој, како и на сите предизборни митинзи и средби на кои присуствуваше со претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, најави дека ја примиле пораката која граѓаните ја испратиле во првиот круг и веднаш почнало да се работи на тоа. Според него, една од причинита за слабата излезност во првиот круг од претседателските избори и…
Затворениците, раселените и немоќните лица денеска гласаат на изборите за претседател и на предвремените локални избори што ќе се одржат во општините Охрид, Дебар и Ново Село. Своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови, лицата кои се во притвор и во домашен притвор. Од оние кои се во домашен притвор за гласање се пријавиле само 12 лица. Денеска ќе гласаат и седум внатрешно раселени…
Во своите говори зборува за режимот на Груевски и криминалната фамилија, но и за иселувањето на младите и НАТО и ЕУ. Низ струмичко се шеташе со партискиот претседател на СДСМ и премиер Зоран Заев, а гостин беше и Љубе Бошковски. Партиите одбројуваат до првиот круг на претседателските избори, кандидатите митингуваат, а граѓаните ги слушаат нивните ветувања. Кандидатот поддржан од СДСМ, ДУИ и уште 29 партии Стево Пендаровски викендов беше во…
Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање денеска во Кривичниот суд ја дочека првата пресуда за случајот Титаник 2 на Специјалното јавно обвинителство. Судечкиот совет одлучи Мијалков да биде осуден на три години казна затвор за делата кои му се ставаат на товар. На барање на обвинителката Фатиме Фетаи, судечкиот совет одлучи поради можност за бегство на Мијалков до правосилност на пресудата да му се одреди мерка притвор. Заедно…

















