Најтешко е да се освои власта. Потоа се е предвидено и познато. Ветувањето во изборната кампања за „едно општество за сите“ паѓа во вода со првото именување на директор во државна институција. На раководна позиција најчесто доаѓа лојален член на владејачка партија и покрај задолжителните конкурси. Крај на клиентализмот требаше да стави Законот за висока раководна служба според кој директорите ќе се бираат според професионални, а не партиски заслуги. Но,…
Населбата Тафталиџе ја „згазија“ многу урбани атентатори. Таму свои бетонски чудовишта кренаа „Настел“ на Зоран Азманов, „Адора“ на Ванчо Чифлиганец, „БИ-СИ“ на Ивица Георгиевски. Последната градежна офанзива доаѓа од освојувачот и некрунисаниот крал на Пласница – Исмаил Јахоски. Неговата семејна фирма „Пуцко Петрол“ пред две недели го купи земјиштето кај поранешната фабрика Алумина во Тафталиџе, објави Фактор. Јахоски за градежната парцела од 42 илјади метри квадратни платил 24 милиони евра.…
Во судот во Охиди денеска повторно не се одржа рочиште во кое обвинети се Нефи Усеини и неговиот брат Ибраим Усеини. Претседателот на судот, Васил Баткоски, во изјава за ИРЛ рече дека поради здравствени причини судењето е одложено. „Рочиштето се одложи бидејќи обвинетиот Нефи Усеини е позитивен на Ковид 19“, ни изјави Баткоски. Освен денешното рочиште беше закажано уште едно за 3-ти декември, но поради позитивниот тест на Усеини ново…
Нефи Усеини го пропушти последното рочиште на кое му се суди за насилство врз негов сограѓанин, а неговите адвокати во судот во Охрид го оправдаа дека заминал на операција во Турција. Според информациите кои ИРЛ ги доби од неговиот адвокатски тим, Усеини закажал операција на синусите. „Нефи Усеини замина пред неколку дена на операција на синусите во приватна болница во Истанбул. Не знам колку ќе се задржи таму, но пред…

















