Се одложи и второто судско рочиште на обвинетиот доктор Жан Митрев. Неговиот адвокатски тим не успеал да направи увид во предметот. Митрев пред судот освен од новинарските екипи, беше дочекан од роднини на пациенти кои починаа во неговата клиника по примена на методот хемофилтрација за лекување од КОВИД 19. Половина час пред закажаното судење, семејствата дојдоа пред Кривичниот суд со фотографии од починатите и транспаренти на кои пишуваше „Профитер на…
Сторијата на ИРЛ за непостапувањето на полицијата и секундарната виктимизација на 19 годишните девојки кои беа нападнати од див таксист покрена протести и јавна дебата за прашањето за безбедноста на девојките и жените во земјава и неможноста да добијат институционална правда. Од МВР за ИРЛ велат дека таквото однесување на полицијата е недозволено. МВР бара и измени во Кривичниот законик каде што ќе има посебно кривично дело за полово вознемирување.…
Таксистот насилник којшто сексуално нападна 19 годишна студентка избега од Македонија од полицијата која и онака не сакаше да го најде. Го гонат само за недолично однесување. Униформираните полицијаци се една од клучните причини зошто многу девојки и жени одлучуваат да не пријават семејно насилство или сексуален напад и вознемирување. Деветнаесет годишната студентка – жртва, за ИРЛ расакажува дека чувствува безнадежност и немоќ, иако уредно се обрати до институциите за…
















