Не запира скапата Фејсбук и Инстаграм промоција на премиерот Димитар Ковачевски. Само во последните три месеци СДСМ потрошила 18 илјади евра за да ги рекламира неговите активности на социјалните мрежи. Антикорупционерите не успеаја да откријат дали за објавите на личните профили на Ковачевски се трошеле државни пари оти Владата не соработувала со нив. Откако стана премиер, спонзорираните објави на Димитар Ковачевски достигнаа 82 илјади евра. Известува: Лила Караташева/Илустрација: Лука Блажев…
Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Пеце Мирчевски го одби барањето на ИРЛ за слободен пристап до информации од јавен карактер за списокот на патници во владиниот авион. СОЗР тврди дека имињата на патниците претставуваат личен податок. Пред четири години, медиумите пишуваа дека Мирчевски со четири колешки бил на шопинг во Љубљана, но ова никогаш не се докажа бидејќи и тогаш владата не ги откри листите со…
По само еден месец, министрите носат две различни одлуки поврзани со концесиите за ископ на бакар и злато на фирмата „Еуромакс ресоурцес“. Ако на 27 јуни, полутајно без информации за јавноста премиерот и министрите одлучија да ги спојат концесиите, денеска под притисок на новинарите и јавноста одлучија да си ја поништат одлуката за спојување. Одлуката била политичка. Шансите на „Еуромакс ресоурцес“ за отварање на рудникот се намалија но се зголемија…
Министерството за економија тврди дека спојувањето на концесиите за ископ на бакар и злато на „Еуромакс ресоурцес“ е најдоброто нешто за овој процес што ќе довело до затворање, а не до отворање на рудник во Југоистокот на Македонија. Општиот впечаток од брифингот со новинарите е дека станува нејасно која е навистина крајната цел на инвеститорот: пари од рудник или пари од арбитража. За да се избегнат двете сценарија Македонија мора…