Во модерна викендичка на Попова Шапка се релаксира Фатон Мурсели, угледен професор од Тетовскиот универзитет, чија сопруга е претседателка на Комисијата за урбанизам во Тетово. Мрежа од геодети, општински службеници и инспектори сториле сѐ за да личи дека викендичката е легализирана дивоградба од пред 2011-та, иако истата била изградена во 2024 година. Злоупотребите вклучуваат неточен геодетски елаборат и фалисификуван инспекциски надзор. Градоначалникот Биљал Касами се оградува од случајот. Известуваат: Иван…