Press "Enter" to skip to content

ШВАЈЦАРСКИ ТАЈНИ

„Швајцарски тајни“ е меѓународна истрага за една од најбогатите и најважните банки во светот. Повеќе од 163 новинари од 48 медиуми во 39 земји ширум светот со месеци ги анализираа информациите за банкарските сметки протечени од „Кредит Свис“, вториот по големина кредитор во Швајцарија.  Протекувањето опфати повеќе од 18 000 сметки на кои се чуваат преку 100 милијарди американски долари. Тоа за новинарите е единственото познато истекување податоци за клиенти на…

Раѓањето на империјата „Зегин“: Швајцарски сметки, банкротирани исландски фондови и една долга приватизација

Швајцарски тајни Благој Механџиски во јавноста е познат како сопственикот на првиот приватен и најпрофитабилен синџир аптеки во оваа држава. Себеси се нарекува човек од народот. За него и за брендот „Зегин“ во медиумите најчесто ќе прочитате само добри работи. Фармацевтскиот тајкун за себе вели дека нема динар во банка. Но, протечените податоци од швајцарската „Кредит Свис“ ќе нè доведат до првите траги на парите што се употребени за градењето…