Додека Македонија очајнички бара јаглен и мазут за да ја скрпи зимата, оваа недела се набавила увозна струја по рекордни цени од по 325 евра по мегават час, податок којшто ЕСМ го сокри од јавноста. ИРЛ открива како и институциите и партиите знаеле што ја чека државата во пресрет на светската енергетската криза, но наместо да се грижат за потенцијалните социјални немири и загрозениот животен стандард, тие премолчеле и излажале…
Новинарите и медиумите имаат задача да им помогнат на граѓаните да дојдат до квалитетни информации за да можат да одлучуваат во својот најдобар интерес. Енергетската криза е најголемиот предизвик со којшто во моментов државата се соочува, а сепак, известувањето за овој проблем е сведено на напорите на мал број медиуми, додека останатите или пренесуваат партиски соопштенија со неконструктивен пристап до проблемот или, пак, го игнорираат проблемот. ИРЛ во следната недела…