Наташа Крстева Цалева е новата обвинителка на местото на суспендираниот обвинител Миле Арсениевски и го застапува обвинението за делото „Измама на потрошувачи“ против „СЛЦ Груп“ и Андријана Павловиќ кои што го продаваат спорниот суплемент „Слимлајн адванс“. Поради бројните отсуства на Арсениевски и изминати 90 дена од последното одржано рочиште, денеска постапката почна од ново. Исказ пред Судот даде сопственичката на „Слимлајн“ Марија Костовска. Таа одби да одговори на прашањето на…
Во продолжението на истражувањето на ИРЛ за штетните производи од брендот „Слимлајн“ откриваме дека сопствениците на фирмата, Марија и Ѓоре Костовски, пред четири години биле осудени на алтернативна затворска казна од три месеци. Судот во пресудата наведува дека тие „свесно пуштале во промет производи за кои знаеле дека содржат состојка сибутрамин која е штетна по здравјето на луѓето“. Судскиот процес кој веќе две години се влече во Кривичниот суд, треба…
Десетици пораки со поплаки за „Слимлајн“ добија репортерите на ИРЛ по објавувањето на истражувањето со кое се открива дека на интернет се продавале додатоци за исхрана со забранети состојки. Дел од нив се жалеле и во АХВ во изминатите 12 години, а директорот на Агенцијата за ИРЛ потврди дека само минатите две години добиле две други поплаки покрај оние на ракометарот Горан Кузмановски за кои што се води спор. Иако…
Суплементите на еден од најстарите и најпопуларните македонски брендови за одржување на телото „Слимлајн“ биле лажно декларирани додатоци за храна кои содржеле антидепресиви и опасни лекови за слабеење. Две години полицијата не може да постапи по барањето на АХВ за да ја блокира веб-страницата на „Слимлајн“ за продажба на нивните производи. Со помошта на познати инфлуенсери на „Инстаграм“ и „Фејсбук“, производите слободно се продаваат и се консумираат, иако е донесено…

















