Незаконската изградба на викендичката на Попова Шапка на професорот Фатон Мурсели од Тетовскиот државен универзитет сега ја истражува одделението за економски криминал во МВР. Тој до полицијата доставил дополнителни документи кои на инспекторите им биле сомнителни. Без лиценца остана фирмата на геодетот кој му изработи лажен елаборат. Во меѓувреме професорот Мурсели од Општина Тетово доби одобрение да гради зграда каде тој е еден од инвеститорите. Известува: Иван Блажевски Агенцијата за…
Во модерна викендичка на Попова Шапка се релаксира Фатон Мурсели, угледен професор од Тетовскиот универзитет, чија сопруга е претседателка на Комисијата за урбанизам во Тетово. Мрежа од геодети, општински службеници и инспектори сториле сѐ за да личи дека викендичката е легализирана дивоградба од пред 2011-та, иако истата била изградена во 2024 година. Злоупотребите вклучуваат неточен геодетски елаборат и фалисификуван инспекциски надзор. Градоначалникот Биљал Касами се оградува од случајот. Известуваат: Иван…