Тимот репортери на ИРЛ направи детален временски редослед на настаните од моментот кога од рудникот Тораница во Крива Река се излева сива маса налик бетон. Хаваријата настанува затоа што над цевката што пукнала во кругот на рудникот, се чувал осиромашен олово – цинков концентрат којшто водата го повлекла и го однела во реката. Доказите посочуваат дека државните институции напати ја излажаа јавноста, додека инспекторот од животна средина кој требало а…
Додека реките пресушуваат, проектите со малите хидроцентрали за кои постои мнозински отпор кај граѓаните продолжуваат. Нов „таргет“ на овој лукративен бизнис е планината Кожуф. Сопственикот на кладилниците „Спортлајф“ Ѓоко Стерјоски сака да гради две мали хидроцентрали на еколошки чистата река Дошница. Известува: Ивана Настеска, Пелагија Младеновска Трендот на малите хидроцентрали треба да престане и државата да се пренасочи на енергија од сонце и ветер, изјави пред една година тогашната министерка…