Press "Enter" to skip to content

Претседателката на ДКСК шпион на криминалната група за случајот „Адитив“

Истрагата за набавката на скапиот адитив за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј откри неочекуван детал – дел од криминалната мрежа била и актуелната претседателка на Државната комисија за спречување корупција Татјана Димитровска. Комуницирала со обвинетиот Небојша Стојановиќ. Го брифирала какви постапки против него се воделе во комисијата откако ИРЛ во јуни лани откри како ЕСМ купила адитив од фирма без искуство во хемискиот бизнис неколкупати поскапо од пазарната вредност. Известуваат:…

Службеничка од пошта ги штитела централите на ЕСМ од пепел, „пеплосан“ државниот буџет

Земјите ширум светот по пандемијата се соочија со нова криза – енергетската. Таа најсилно го погоди стандардот на сиромашните држави. Македонија не беше исклучок. Нејзините граѓани и денеска се соочуваат со последиците од вртоглавиот раст на основните животни трошоци предизвикан од растот на цените на енергенсите. Но, она што за едни претставувало криза, за други претставувало предност. ИРЛ открива како јавни службеници во кризата виделе можност за профит преку сомнителни…