Најскапата државна зделка за купување мазут за ТЕЦ Неготино е коруптивна – се сомнева Државната комисија за спречување на корупција. Компанијата РКМ на бизнисменот и поранешен политичар Ратко Капушевски испорачувала помалку мазут а Електрани на Северна Македонија потпишувала анекси со оваа комапнија на веќе неважечки договори. РКМ и годинава увезува илјадници тони мазут вклучително и од босанската ХИФА Оил за која пред три година беше констатирано дека продавала загадувачко масло…
Ова е најскапата набавка на мазут во државата кога било, направена меѓу државната ЕСМ и еколошки контроверзната компанија РКМ. Никој од лиценцираните трговци со мазут не се пријавил на двата повика за набавка на вкупно 188 илјади тони мазут, но Капушевски доставил понуда со девет фирми од различни држави како негови добавувачи. ОМВ од Австрија и ИНА од Хрватска тврдат дека Капушевски ги излажал ЕСМ дека тие ќе му продаваат…